Храбро срце, голем бод и СТОП за моќната Англија!

297

Англија се сопна во Скопје, во своето трето гостување на Македонија составот на „Гордиот албион“ за првпат не џзаминува со побеа. Храбро, борбено и со срце во текот на сите 90 минути одиграа нашите репрезентативци кои со последниот меч од овој квалификациски циклус ја спасија честа, одиграа за душа како утеха за циклусот во кој не бевме конкурентни во групата за местата кои одат на ЕП. А таму оди супер моќната Анлија која синоќа се спаси од пораз во Скопје.

Енис Барди кон крајот на првиот дел донесе голема радост на арената кога Пикфорд му го одбрани пеналот но нашиот капитен налета на одбиената топка и стрелаше за водство кое подоцна беше пресудно за да се освои големиот бод. Одиграа педантно избраниците на селекторот Благоја Милеввски кои знаеја што сакаат, не им дадоа на ривалите да се разиграат иако гостите го диктираа темпото, имаа иницијатива…

А Хери Кејн е спасителот на Англија вечерва во Скопје. Со првиот контакт со топката супер ѕвездата на гостите го израмни резултатот . Тоа се случи во 58 минута. Гостите имаа половина час за пресврт, притиснаа со сите сили затоа што Саутгејт ги стави во игра и најдобрите. Но немаа идеални прилики за гол фудбалерите на Англија. Немаа затоа што против себе имаа мотивиран ривал кој одигра за своите навивачи, за полните трибини и за сопствената чест.

Докажаа дека оние 7:0 во Манчестер и онов висок пораз во јуни беше само еден кошмар, лш ден и меч кој не е вистинската сила на оваа наша репрезентација.
Секоја чест за борбеноста! Така се бранат државните бои!

Минута по минута:
14’ – Статива! Рајс распали од 20 метри, топката заврши во левиот дирек на Димитриевски, среќа за Македонија.
37’ – Дуел на Миовски и Луис пред голот на Англија по кој нашиот шпиц е фаулиран,. Следи ВАР по кој судијата Глова појкажа на белата точка за Македонија.
1:0 – 40’ Енис Бардиииииии!!!! Пикфорд го брани ударот од белата точка но среќата ги прати рабрите, топката повтпорно се одби до Барди кој од 7-8 метри ја тресе мрежата.
45+2 – Александер Арнолд со удар од 17 метри, Димитриевски спасува со прекрасна интервенција.
47’ – ВАР го поништи голот на Грилиш поради офсајд.
1:1 – 58’ Корнер за Англија од левата страна, Кејн со глава во својот прв допир со топката ја тресе мрежата на Димитриевски.
88’ – Алиоски нафрла до Серафимов кој е пред голпот на Пикфорд но топката оди за малку над голот.

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА 1:1
Арена: „Тодор Проески“, во Скопје. Гледачи: 30.000
Главен судија;: Филип Глова од Словачка:
Стрелци: Барди 41’ (М), Кејн 58’ (А)
Ж. картони: Елмас (М) – Луис , Александер Арнолд (А)
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Муслиу, Серафимов, Манев, Димоски (Ашковски 86’), Алиоски, Алими (Костадинов 75’), Атанасов (Елези 90’), Барди, Елмас, Миовски (Ристовски 75’)
Селектор: Благоја Милевски
АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Луис, Рајс, Гехи, Мегваер, Сака (Палмер 85’), Фоден, Воткинс (Кејн 58’), Александер Арнолд (Филипс 84’), Грилиш (Рашворд 85’).
Селектор: Герет Саутгејт

Standings provided by Sofascore
ПретходноНавивачки спектакл – ѕвездено небо на „Арената“ (видео)
СледноИталија, Словенија и Чешка извадија билети за ЕП