Како што веќе објавивме почна инвазијата на англиските фанови на Скопје. Тие полека се собираат во својата фан – зона, онаа вообичена на Кејот на Вардар, од Холидеј Ин па се до плоштадот, каде што ги запоседнаа кафулињата и рестораните. Таму не може, освен нив, никој да влезе. Посебно се чувани од припадниците на МВР и таму ќе бидат се до некаде час и половина или два кога ќе тргнат кон Арената со специјална придружба.
Им се погоди и времето, па така Англичаните уживаат во скопското сонце и се разбира пивото.