Далас и Денвер врзаa по два порази, Леброн за победа на Лејкерс (ВИДЕО)

229

Кошаркарите на Кливленд синоќа на свој терен го победија Денвер со 121:109 и со тоа ја забележаа третата последователна победа во НБА лигата. За Денвер, пак, ова беше втор последователен пораз. Кавалирс, кои во последните три четвртини не беа во минус во ниту еден момент, до победата ги предводеше Дариус Гарланд со 26 поени, Крег Портер додаде 21, а Еван Мобли 16 поени.

Во редовите на шампионите, српскиот центар Никола Јокиќ за 28 минути на паркетот постигна 18 поени. Најефикасен кај Нагетс беше Мајкл Портер, кој постигна 21 поен, додека Кристијан Браун додаде 13.

Шестиот триумф во низа го забележа Сакраменто, кој на гостински терен го победи Далас со 129:113, предводен од Домантас Сабонис, кој постигна 32 поени и 13 скока. На другата страна Лука Дончиќ постигна 25, а Кајри Ирвинг 13.

Кошаркарите на Оклахома ја остварија петтата последователна победа откако го совладаа Портланд со убедливи 134:91 и сега се пред Нагетс во поредокот на Западната конференција. По продолжението, Феникс ја победи Јута во Солт Лејк Сити со 140:137, а најзаслужен за победата беше Кевин Дурент со 39 поени, десет асистенции и осум скока.

Леброн Џејмс со 37 поени и Ентони Дејвис со 27 поени ги предводеа Лос Анџелес Лејкерс до домашната победа над Хјустон од 105:104, додека Бостон како гостин го победи Мемфис со 102:100.

ПретходноТурските фудбалери со потег кој ги воодушеви сите во фудбалскиот свет! (ВИДЕО)
СледноСезоната за него заврши: Гави ги скина лигаментите во коленото