Ивановски обезбеди пласман на главниот турнир во Јокохама

114

Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер турнирот во Јокохама во Јапонја и успеа да се пласира на главниот турнир.

Рано утринава, тој го доби дуелот со кинескиот тенисер Јан Баи (396. АТП) откако противникот го предаде мечот по завршувањето на вториот сет. Првиот сет кинескиот тенисер го доби со 6:4, по што во вториот Ивановски возврати со 7:5 за израмнување на 1:1.

Потоа следуваше откажувањето на Баи, по што Ивановски го доби мечот и обезбеди пласман на главниот турнир.

ПретходноСкандал ја „тресе“ Чешка пред најважниот меч: Тројца стартери избркани од репрезентацијата!
СледноСтрумица подготвена за Купот на ЦЕВ: Билетите за мечот со СВД Дирен по цена од 100 денари