Филип Кузмановски, еден од нашите најдобри ракометари од денеска и официјално е нов член на Е. Пелистер. Тој веќе одработил два тренинга со својот старо – нов клуб, односно матичен клуб и се очекува во среда да го задигра за нашиот шампион против ПИК Сегед во меч од ЛШ и тоа во Битола пред своите фанови.
Инаку Кузмановски не ја крие својата радост по враќањето во Битола па изјави:
„Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме“.