Младиот фудбалер на Арсенал, Чидо Оби-Мартин се најде на насловните страници на англиските медиуми со тоа што постигна дури 10 голови во победата на У16 тимот на „топчиите“ против своите врсници од Ливерпул со 14:3.
15-годишниот напаѓач беше и дел од У18 тимот, па дури и дебитираше во младинската ЛШ оваа сезона, а во саботата постигна 10 голови против У16 тимот на Ливерпул.
Оби-Мартин е дански фудбалер, има 7 гола во 9 настапи за Данска У17 и е клучен играч во составот на селекторот Јеспер Микелсен.
If this Chido Obi-Martin kid came out of La Masia he would have already been a nailed starter for Barca😭 pic.twitter.com/UiHZSkk1l9
— TH14™️⚡️ (@Thomasconlin17) November 19, 2023