Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака да го продолжи договорот со римскиот клуб на крајот од сезоната, пишува италијански „Ил Темпо“.
Мурињо во Рома пристигна во 2021 година, а со „волчицата“ има договор до крајот на сезоната.
„Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта што му ја покажаа навивачите и играчите. Затоа сега сака да изврши притисок врз челниците на клубот да му го продолжат договорот, бидејќи чувствува дека има незавршена работа со овој тим“, изјавил извор од клубот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека конечниот збор дали Мурињо ќе остане во Рома ќе го даде претседателот на клубот Ден Фридкин.