Неверојатни бројки: Ноле ја почна 400-тата недела на првото место на АТП листата!

351

Најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ ја започна јубилејната 400-та недела на врвот на АТП листата.

По триумфот на стартот на завршниот Мастерс во Торино, јасно беше дека Новак ќе го задржи тронот и по осмипат ќе ја заврши сезоната на првото место на АТП листата. Со победата во Торино , Новак си обезбеди останување на врвот на АТП листата до крајот на Австралија опен – поточно 409-тата недела!

Тоа практично значи дека тој сигурно ќе има речиси 100 недели повеќе на првото место од Роџер Федерер, кој е втор на вечната листа со 310 недели поминати на првото место.

Претходно„Мирор“: Саутгејт против Македонија почнува со шест промени од последниот меч со Малта
СледноНАЈГОЛЕМАТА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН ДО 33 МИЛИОНИ ДЕНАРИ