ПОЛУВРЕМЕ: Барди стрела, Англија на колена…!

224

Супер резултат на нашиот навционален тим на полувремето од квалификацискиот дуел со Англија. Енис Барди е нашиот срелец на голот кој во 41 мнута ја стави на колена најдобрата светска селекција во моментов. Огромна радост, огромни задоволство на трибините во Скопје каде 30.000 гледачи гледаат борбена, фанатична и супер Македонија.
Англиската селекција диминира во играта, ја има иницијативата имаше и супер шанса преку Рајс во 14 минута кога стативата го спаси голот на Столе Димитриевски.
Студено е на арената но топло е во срцата. Можеби овој меч нема никакво значење за конечниот пласман на табелата но добро е да се победи, убаво е да се продолжи во ист ритам.

БАРДИ ја тресе Англија – Македонија води! (видео)

Минута по минута:
14’ – Статива! Рајс распали од 20 метри, топката заврши во левиот дирек на Димитриевски, среќа за Македонија.
24’ – Кикс на гостинската одбрана, Елмас е соборен во казнетиот простор но судијаѕта и ВАР не се одлучија за пенал.
26’ – Барди изведе скратен корнер но бие непрецизно.
37’ – Дуел на Миовски и Луис пред голот на Англија по кој нашиот шпиц е фаулиран,. Следи ВАР по кој судијата Глова појкажа на белата точка за Македонија.
1:0 – 40’ Енис Бардиииииии!!!! Пикфорд го брани ударот од белата точка но среќата ги прати рабрите, топката повтпорно се одби до Барди кој од 7-8 метри ја тресе мрежата.
45’ – Луис е обиде од 17 метри а Димитриевски е на место и брани.
45+2 – Арнолд со удар од 17 метри, Димитриевски спасува со прекрасна интервенција.

 

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА 1:0
Арена: „Тодор Проески“, во Скопје. Гледачи: 30.000
Главен судија: Филип Глова од Словачка:
Стрелци: Барди 41“
Ж. картони: Елмас
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Муслиу, Серафимов, Манев, Димоски, Алиоски, Алими, Атанасов, Барди, Елмас, Миовски.
Селектор: Благоја Милевски
АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Луис, Рајс, Гехи, Мегваер, Сака, Фоден, Воткинс, Александер Арнолд, Грилиш.
Селектор: Герет Саутгејт

ПретходноБАРДИ ја тресе Англија – Македонија води! (видео)
СледноВо првиот обид ВАР нѐ спаси, но во вториот се е чисто – Англија изедначи! (видео)