Шест од седумте дресови со кои Лео Меси играше на СП во Катар се продаваат со почетна цена од 10 милиони долари. Наскоро ќе бидат изложени во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк тие комплет дресови со небесно-сина и бела боја. Се очекува цената да биде поголема од 10 милиони долари и со тоа да го надмине рекордот кој сега со 10,1 милиони го држи дресот на Мајкл Џордан.
Инаку познато е дека во тие дресови Меси постигна вкупно 7 голови и го освои единствениот трофеј кој му недостигаше во својата блескава кариера – светски првак со Аргентина.