Македонија – Англија: Ќе играме и за својата гордост!

178

Македонија и Англија вечерва од 20:45 часот по третпат во историјата на нашата земја ќе ги одмерат силите во Скопје. Спектакл на Арената “Тодор Проески“ пред најмалку 30.000 фанови, ова ќе биде една од најголемите посети во последно време на Арената.

Доаѓа Англија, веројатно една од ТОП-5 репрезентации во светот во моментов. И да сакавме да одбереме ваков ривал за крај на квалификациите немаше да одбереме.

Вечерва на новиот тревник ќе продефилираат мега – ѕвездите како Кејн, Рајс, Сака, Грилиш, Мегваер…

Но, доста за тие Англичани.

Вечерва треба преполната Арена да биде само едно – а тоа е само Македонија. Вечерва Македонија ќе игра за својата гордост по оние ужасни 7:0 во Манчестер на “Олд Трафорд“, вечерва нема да биде така сигурно.

Иако веќе одамна ги загубивме шансите за пласман на ЕВРО 2024, иако пред некој ден нашите момци загубија убедливо од Италија на “Олимпико“, вечерва ќе се “пее“ некоја друга песна. Психолошки растоварени од било каков притисок, со верба во себе, на крилјата на 30.000 фанови, Македонија ќе оди по изненадување, резултатско се разбира.

Можеме само да замислеме како низ фудбалскиот свет ќе одекне евентуален добар резултат на Македонија против Англија, која заедно со Аргентина, Португалија, Франција и Бразил е најзвучната селекција во моментов во светот.

Затоа момци само храбро, со верба во себе и во своите квалитети, дајте го максимумот, дајте и повеќе од тоа, одиграјте како што знаете за себе, за Македонија, за сите нас.

Македонија верува во вас, Македонија сака резултат од вас, но и Македонија бара од вас токму вие да ја направите горда.

Ние посакуваме вечерва само ХРАБРА МАКЕДОНИЈА!

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

ПретходноХаланд и Пеп ја “спукаа“, Норвежанецот сака да си оди од Сити!
СледноЕве зошто Франција немаше милост кон Гибралтар: Објавен е говорот на селекторот Дешамп! (ВИДЕО)