Халанд и Пеп ја “спукаа“, Норвежанецот сака да си оди од Сити!

6782

Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола не биле веќе во така добри односи како што беа порано. Во медиумите на Островот, но и во Шпанија, се шпекулира дека Халанд му бил многу лут на својот менаџер, разговарал со него само “службено“.

Причината за гневот на Норвежанецот била поради коментарот на Пеп дека треба да има две “Златни топки“, една за Меси а другата за сите останати, и дека Меси и кога ја има најслабата сезона е подобар од останатите.

Ова многу го заболело Халанд кој сметал дека Пеп требало да каже дека токму тој ја заслужува “Златната топка“ со оглед на тоа дека Норвежанецот ги урна сите можни рекорди во однос на постигнатоте голови, потоа ја освои Премиерлигата и ја освои Лигата на Шампионите.

По ова Халанд на своите блиски им рекол дека сака да си оди од Сити.

ПретходноПознат е составот: Атанасов и Алими меѓу стартерите, само две измени од мечот на “Олимпико“!
СледноМакедонија – Англија: Ќе играме и за својата гордост!