Во првиот обид ВАР нѐ спаси, но во вториот се е чисто – Англија изедначи! (видео)

316

Англија на стартот на второто полувреме изедначи. Сака се прошета низ тројца наши дефанзивци и нафрли на втората статива, а таму Грилиш побрз од Димоски ја тресе мрежата на Димитриевски.

Судијата прво го призна голот, но потоа се премисли и побара помош од ВАР. Правилна одлука. Во моментот на асистенција, Грилиш со телото бил во офсајд.

Но Англија, сепак, изедначи. По еден прекин, Јани Атанасов си ја затресе мрежата за 1:1.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Барди стрела, Англија на колена…!
СледноЛукаку е нов рекордер во квалификациите