ЕВРО 2024 – квалификации: Македонија на мегдан со Англија, Италија не смее да загуби…

195

Вечерва се играат седум натпревари од последните кола во квалификациските групи Ц, Е и Х. Во голема мека работите се познати, но сепак три средби ќе решаваат кој ќе оди на ЕВРО 2024.

Во Скопје спектакл, Македонија ја очекува Англија, и тоа без резултатски притисок. Шанса за ново докажување на нашите “Рисово“.

Во нашата група во Леверкузен се решава кој ќе биде втор. Се среќаваат Украина и Италија. И двете селекции имаат по 13 бода, на Украина и треба само победа, додека на „Аѕурите“ доволен ќе им биде и бод за пласман на ЕВРО 2024.

Во групата -Е селекцијата на Албанија ги дочекува Ф. Острови, нашиот западен сосед е веќе на ЕП. Во истата група се среќаваат Чешка и Молдавија во директен дуел за таа втора позиција.

На домаќини им одговара и реми, додека Молдавците мора да победат.

И во групата – Х, најинтересно ќе биде во Љубљана каде Словенија ја дочекува селекцијата на Казахстан. Кој ќе победи ќе оди на ЕП, на Словенците им одговара и нерешено.

Мечевите Сан Марино – Финска и С. Ирска – Данска се без резултатско значење.

ДЕНЕСКА

ГРУПА-Ц (20:45 Ч)

Македонија – Англија

Украина – Италија

ГРУПА – Е (20.45 Ч)

Албанија – Ф. Острови

Чешка – Молдавија

ГРУПА – Х (20:45 Ч)

Сан Марино – Финска

Словенија – Казахстан

С. Ирска – Данска

ПретходноКузмановски и дефинитивно ќе игра против ПИК Сегед! (ФОТО)
СледноАнглија веќе поведе против Македонија: Гостинските фанови го победија нисколигашот ФК Слободен! (ФОТО)