Енис Барди: Среќен сум и горд на капитенската лента! Ние сме мала земја, но со големо срце!

679

Енис Барди веќе осум години е дел од нашата најдобра фудбалска репрезентација. Секогаш го дава својот максимум во дресот со државниот грб, знаел и повреден да настапи за својата земја, да го даде својот придонес. Скогаш е тука кога е најпотребно, играше за У-21 Македонија на ЕП за млади во 2017 година, играше и на сениорското ЕП во 2021 година.

Роден лидер и токму затоа него му беше доверена одговорната задача да биде капитен на нашата најдобра репрезентација. Тој и претходно во неколку наврати ја носеше лентата, но тогаш како заменик, а сега на последните натпревари Енис Барди е нашиот капитен.

Секако дека тоа за него е голема чест и пред се одговорност. Барем според неговите зборови.

Не кријам дека за мене е голема чест што како капитен ја предводам оваа македонска репрезентација, иако секогаш велам дека помалку е важно, бидејќи во составот имаме многу фудбалери кои се наметнуваат како лидери. Тоа се фудбалери кои секогаш давале и даваат огромен придонес за време на натшреварите на нашата селекција, но и со својот однос надвор од теренот. Среќен сум и горд на капитенската лента која истовремено носи и голема одговорност за мене. Ќе се трудам и во иднина на најдобар начин и јас и сите мои репрезентативни колеги, да придонесуваме за тимот. Тоа е најважно. И кога е така тогаш тоа ме прави најсреќен. Тоа е најважно“ истакнува нашиот капитен.

Барди е миленик на фановите, на нашата спортска јавност и воопшто, и не само поради фантастичните голови кои ги дава за репрезентација, туку и поради тоа што никогаш не бега од одговорноста да даде свој коментар после натпреварот. И кога победуваме и кога губиме, тој знае да пофали, но и да искритикува кога е потребно.

Токму затоа е респектиран од сите.

May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text

ОВА НЕКА БИДЕ ИСКУСТВО ЗА ВО ИДНИНА

Факт е дека Македонија немаше среќа при ждрепката во овие европски квалификации, се паднавме во најсилната група.

Резултатите се тие, но според Барди овие квалификации ќе треба да би бидат и дополнително искуство за во блиска иднина:

Сеуште траат овие квалификации. Нам ни остана уште натпреварот со Англија, но во овој циклус покажавме дека можеме да се носиме против најдобрите европски репрезентации. Оваа група е најсилната во која сме се нашле и ни недостасуваше и малку среќа на одредени натпревари, посебно на двата меча со Украина, за да се надеваме на нешто повеќе. Во суштина ова искуство ќе ни значи многу за во иднина. Мораме да ги повторуваме позитивните работи и со многу самодоверба да влеземе во следните предизвици. Имаше добри моменти, но треба да бидеме и самокритични и да извлечеме поука и од работите кои не беа добри за нас“.

НИЕ СМЕ МАЛА ЗЕМЈА, НО СО ГОЛЕМО СРЦЕ

Ние сме мала земја, но со големо срце. Секогаш е поинакво чувството кога играме пред полни трибини. Се надевам дека така ќе биде и против Англија. Националниот тим треба и мора да се бодри на секој натпревар“ изјави капитенот за Магазинот на Фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноАнгличаните ја започнаа инвазијата на Скопје, Кејот на Вардар е блокиран! (ФОТО)
СледноЛазаров: “Се надевам дека утре ќе покажеме поголема борбеност и ќе имаме подобра реализација“! (ФОТО)