Англиски „Мирор“ денеска го објави најверојатниот состав со кој селекторот на англиската фудбалска репрезентација герет Саутгејт ќе го почне дуелот со Македонија вечерва на Националната арена во Скопје. Според прогнозата на новинарите на весникот, Саутгејт ќе направи дури 6 промени за разлика од составот кој пред неколку дена истрча на мечот со репрезентацијата на Малта, кој Англичаните го добија со 2:0.
На голот е стандарден Пикфорд, додека во одбраната се очекува старт на младиот Рико Луис, заедно со 23-годишниот дефанзивец на Кристал Палас, Марк Гуеи и искусните Хари Мегваер и Кајл Вокер.
Во средниот ред стартери треба да бидат Деклан Рајс, Трент Александер-Арнолд и Калвин Филипс, додека нападот ќе го предводат Букајо Сака, Џек Грилиш и Хари Кејн.