Саутгејт: Тврд терен и лош за завршен пас!

2011

Англија е на ЕП, Англија се прошета во групата но и Англија не е на потребното ниво на последните два дуели од квалификациите при победата дома од само 2:0 со Малта и денешниот кикс во Скопје (1:1), против нашиот национален тим.

Герет Саутгејт, селекторот на „Гордиот албион“ по натпреварот напомена: „Менталитетот на екипата беше извонреден. Имавме целосна контрола на играта, теренот не дозволуваше завршни пасови… Повеќе пенал беше вториот спорен момент (стартот врз Мегваер), отколку оној на противникот. Мојот коментар за пеналот е „нула“, немам коментар...“.

Што направивте на полувремето, коментар за теренот!?

Направивме измени, Грилиш беше многу добар… Имавме и статива а сепак вториот дел беше добар. Што се однесува до теренот тој беше тврд, но сепак е нов и не дозволуваше да се креира добра игра. Една од причината поради која не дојдовме до полн израз е тоа што во противничкиот шеснаесетник имаше многу гужва, многу играчи кои беа во одбраната“.

Куса оценка за квалификациите!?

Лесно се пласиравме на ЕП. Околу формата ќе ја подобриме, сега треба да се фокусираме за настап следното лето на финалниот турнир“.

ПретходноМуслиу кон Грилиш: Па, што сакаш ти бе!?
СледноБарди: Дај Боже да продолжиме со Милевски, покажавме дека можеме против секого