Серафимов: Тешка група, игравме со светски велесили, а жалам за оној пораз од Украина

293

Своето видување на овој добар резултат со Англија го изнесе дефанзивецот Никола Серафимов. Дефанзивецот е задоволен од мечот со „Гордиот Албион“, сепак, додава дека овојпат групата беше тешка со светски фудбалски велесили и незгодната Украина.

Денеска одигравме далеку подобро во дефанзивата во споредба со оној меч во Италија. Ќе кажам штета што повторно примивме гол по прекин и по кој знае кој пат ни се случува тоа и мислам дека ќе мора да го поправиме тој сегмент и целокупната дефанзива ако сакаме да имаме подобри резултати во иднина. Резултатот е добар, нека овој меч ни биде водилка за тоа како треба понатаму“, изјави Серафимов.

За целиот квалификациски циклус:

Жалам за оној резултат против Украина во Скопје. Навистина е штета да изгубиш после водство од 2:0. Можеби тоа малку не разниша психички, потоа следеше тој дебакл во Англија. Ако ја гледаме целокупната слика оваа група беше навистина тешка со светски велесили, па ќе кажам дека единствено можам да жалам за оној меч против Украина во Скопје кој го загубивме по водство од 2:0, па и за мечот со истиот противник во Прага каде што навистина имавме многу шанси кои не ги искористивме и на крајот го загубивме натпреварот“.

ПретходноМилевски: Браво за момците, треба да сме горди на нив!
СледноХрабра и горда Македонија: Спектакл на Арената, покажавме дека знаеме и можеме! (ФОТО)