Алкалоид во нова тешка европска мисија против сега познат противник

104

Екипата на Алкалоид вечерва (20:45 часот) му гостува на Силкеборг во рамките на четвртото коло во Европската лига. Македонскиот вицепрвак на првата пресметка во Скопје пред една недела беше совладан од фаворизираниот состав со 23-31.

На оваа средба избраниците на Кирил Лазаров имаа пет промашени седмерци, нешто што и самите видоа дека не смее да се случи против еден клуб како што е Силкеборг, кој е фаворит во групата за пласман во главната фаза во Европската лига.

Анализите се направени, останува младите ракометари на македонскиот вицепрвак да го подигнат ниво, да ги намалат грешките и храбро да излезат на теренот на данскиот тим, кој е огромен фаворит на оваа средба.

Лазаров посакува да видиме поголема борбеност и мотивираност од своите ракометари, како и подобра реализација од седум метри, која на два меча, на домашен терен се покажа како проблематична.

Алкалоид во овој момент е последен на табелата во силното друштво на Силкеборг и Војводина кои имаат по четири бода, и Ла Риоха, кој има три бода, а против кого македонскиот вицепрвак одигра без победник на гостински терен.

Директен пренос од оваа средба ќе има на МРТ 3.

ПретходноПерез го одбра наследникот на Анчелоти – пеговорите се во тек!
Следно„Знаеме што значи враќањето на Кузмановски за клубот и за градот“