Екс-играч на Севиља: Да играм за Сити ќе дадам повеќе голови од Халанд

429

Поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација и екс-играч на Севиља, Луис Фабијано изјави дека е подобар од голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Бразилецот објасни дека Халанд се наоѓа во многу шанси меѓутоа реализира малку голови.

Би ги соборил сите гол рекорди кои ги има Халанд. Постигнувам голови благодарение на моите соиграчи, а и Халанд го прави истото. Сепак разликата е што Халанд од 30 шанси ќе постигне три гола, а јас да имав толку шанси би постигнал 10 до 20 голови. Ги знам своите квалитети и убеден сум во тоа“, изјави сега веќе 43-годишниот екс-фудбалер.

Фабијано ја освои Копа Америка со Бразил и два УЕФА купови и два шпански купови со Севиља.

ПретходноПоради „грев“ од пред 15 години на Тотенхем може да му одземат бодови
СледноСлавниот Сол Кембел 35 пати се пријавил за тренерска работа, но никој не го ангажирал