Мирор: Фала му на бога што не мора да играме против цела Македонија

1992

Англиските медиуми денеска се исполнети со најразлични вести поврзани со синоќешната пресметка меѓу нивната репрезентација и Македонија на Арената „Тодор Проески“ која заврши без победник 1-1.

Дефинитивно, фаворитот од Скопје си замина со горчина по ова реми, исто како и бројните новинари кои беа присутни на мечот. Никој не може да биде задоволен со бод, особено ако се земе во предвид дека по победата над Малта од 2-0, очекувањата од Островот беа само убедлива победа против нашите момци.

Англиските новинари не го поштедија предводникот на Англија, Герет Саутгејт, а имаше и такви кои во преден пан го ставија пеналот досуден во наша корист.

Насловната страница на „Мирор“ ни падна во очи. Од овој медиум како во преден план ги ставија одлуките на ВАР, како и слабото издание на Англија. Водени од првиот дел одлучија да се пошегуваат, насловот е следниот:

„Фала му на бога што не мора да играме против цела Македонија“. 

Насловната страница на Мирор ја искоментираа од BBC, кои потенцираа: Или е добра шега или навистина имаат проблем со географија.

ПретходноХаланд бил лут на Пеп поради неговите изјави за „Златна топка“
СледноАлиоски: Англија треба да ни биде пример за во иднина!