Оваа Германија е далеку од велесила – Австрија им одржа лекција на момците на Нагелсман

739

Во пријателски меч одигран во Виена, репрезентацијата на Австрија ја совлада Германија со 2:0. Резултатот го отвори Сабицер во 29 минута. Во 49 минута поради неспортска реакција Лирој Сане доби директен црвен картон, па Германците мораа да се снаоѓаат со 10 играчи во поле.
Во 73 минута одлично се снајде Баумгартнер во дуел со Трап. Играчот на Австрија излезе сам пред германскиот голман и го лобуваше за 2:0.
Германците слаби во овој подготвителен период. Пред неколку денови на домашен терен загубија од Турција со 2:3. Слаба партија на германскиот тим кој идната година ќе биде домаќин на ЕП. Севкупно, под раководство на Нагелсман „Панцерите“ имаат една победа, едно реми и два порази.

ПретходноАлкалоид поразен и на гости кај Силкеборг (ФОТО)
СледноИ Хрватска оди на ЕП, Французите во Атина го расипаа перфектниот скор