Во Англија се појави информација дека Фудбалската асоцијација ќе разгледува доказ во случајот со продажбата на Тотенхем на својот напаѓач Џермејн Дефо во Портсмут во 2008 година. Истрагата открила нови докази дека биле прекршени правилата при овој трансфер.
Англискиот напаѓач беше продаден за 7,5 милиони фунти, а доказот е дека Тотенхем користел агент без лиценца во преговорите со Портсмут. Тогаш ФА не покренала никаква постапка ниту го казнила клубот, поради немање на црвсти докази, меѓутоа сега се добиени такви докази па може да биде отворен случај и клубот да биде казнет.
Како илустрација таа година Лутон Таун останал без 10 бодови поради прекршување на правилата при користење на агенти во преговорите.
Оваа информација доаѓа само неколку денови откако ФА го казни Евертон поради прекршување на ФФП, а истовремено се води истрага за против Манчестер Сити и Челзи.