Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денеска со објава на социјалните мрежи потенцираше колку голема радост предизвика вчерашното реми со Англија во Скопје, особено водечкиот гол на Барди.
„Еден гол запали пламен радост во срцата на 30.000 навивачи на Арената “Тодор Проески” вчера!
Ова е повеќе од фудбал. Се работи за секој граѓанин на Република Македонија кој верува, навива и сонува.
Мали сме, но заедно сме моќни“, напиша Сејдини.