Алкалоид поразен и на гости кај Силкеборг (ФОТО)

152

Алкалоид го запиша третиот пораз во дебитанската сезона во Европската лига. Македонскиот вицепрвак на гостувањето кај Силкебор одигра одлично во првото полувреме, лошо на стартот на второто, што пак на крајот го чинеше пораз од 35-31. 

По одморот, ракометарите на Силкеборг за 10. минути направија серија од 7-1 за предност од 24-17, која се покажа како клучна за крајниот исход.   

Марко Митев со девет гола беше прв стрелец, зад него со по четири гола беа Бинго, Серафимов и Џонов. Шанса на голот доби Галевски, кој ги запиша првите дебитански одбрани (4). Трајковски имаше пет. 

Џонов го отвори дуелот за 0-1, нешто подоцна Силкеборг поведе со 3-2, а македонскиот вицепрвак со голот Бинго израмни на 3-3. Но следеше серија на домашниот состав од 4-0 за 7-3 во деветата минута. За неполни две минути, Алкалоид преку Серафимов, Бинго и Маркоски намали на 7-6 во 11 минута.

При 11-10, Алкалоид имаше шанса да израмни, но две лоши додавања беа доволна причина за да Силкеборг казни за 13-10 во 20. минута. Лазаров повика тајм-аут, кој веднаш вроди плод. Одбраната беше поцврста, на голот застана младиот Галевски, кој ги запиша првите дебитански одбрани на европска сцена, а Џонов, Митев и Велковски се погрижија за израмнување (13-13) во 26 минута.

По тајм-аутот, Силкеборг постигна два гола набрзина и дојде до ново водство од 15-13. На ист начин врати и македонскиот вицепрвак, Митев и Ѓогиев донесоа ново израмнување (15-15) во 28 минута. Алкалоид не искористи напад за водство, Данците казнија. На одморот резултатот беше 17-16.

Лош старт за Алкалоид по одморот. Силкеборг за  шест минути постигна пет гола за највисока предност на мечот од шест гола 22-16. Митев од седум метри, го запиша првиот погодок за Алкалоид во второто полувреме (22-17), но тоа не беше доволно, противникот продолжи во ист ритам, дојде на плус седум (24-17).

И во едно вакво сценарио младите ракометари не се откажаа, успеаја да постигнат три гола во серија за 28-24 (50. минута). Со погодокот на Митев, Алкалоид се доближи на 29-26, ова беше негативата која ја имаше се до пред самиот крај.

Во следното коло, Алкалоид повторно игра на гостински терен против Војводина.

ПретходноАрда Туран: Банкарка ме измами и останав без 13 милиони евра
СледноОваа Германија е далеку од велесила – Австрија им одржа лекција на момците на Нагелсман