Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран откри во медиумите дека останал без пари откако бил измамен од банкарка. Тој раскажа за измамничка шема која ја водела извесна Сеџил Ерзан.
„Ме измами. Не намами со зборовите кој и да вложи пари во фондот кој таа го води добро ќе заработи. И дадов нешто повеќе од 13 милиони долари“, изјави Туран.
„Се што стекнав во текот на кариерата исчезна. Тоа тотално ме исцрпи“, додаде турскиот фудбалер.
Истрагата на турската полиција открила дека Туран не е единствениот фудбалер кој останал без милиони. „Насамарен“ бил и Фернандо Муслера, потоа Емре Белозоглу, Емре Чолак како и славниот Фатих Терим. Вкупно биле 29 жртви на оваа измама.
Против споменатата Ерзан и четворица мажи се води постапка.
🗣️ Arda Turan on his ex-agent:
“Seçil Erzan deceived me by influencing me to invest a lot of money!
I put down over $13 million. All my savings disappeared in an instant.” 💸 🚬😔 pic.twitter.com/UvgjMkJLM7
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 21, 2023