Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не добиваше голема минутажа во Наполи под водство на Руди Гарсија. Тоа повеќе изгледаше како измена за да се добие на време отколку вистински шанси за игра. Во меѓувреме во Наполи се случи тренерска смена, дојде Валтер Мацари.
Македонскиот дијамант ќе го чека Мацари и се надева на поголема минутажа, а ако ситуацијата остане иста тој ќе си замине, пренесува италијански „Ил Матино“.
Тие откриваат дека за Елмас се заинтересирани англиски и шпански клубови. Елмас има договор со Наполи до 2025 година.