Македонската ракометна репрезентација за нешто пововеќе од еден месец ќе почне со подготовките за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Кирил Лазаров и неговите избраници немаа среќа во ждрепката, за противници ги добија Франција и домаќинот Германија, а својата шанса за победа ќе ја бараат против Швајцарија, селекција која исто така располага со силен состав.
Во рамките на подготовките, македонската репрезентација ќе одигра еден пријателски меч против Црна Гора во Стара Пазова и тоа на 29. декември. Покрај оваа контролна средба на почетокот на година во Скопје ќе гостува и Грција.
Во составот на Црна Гора инаку се враќа Вуко Борозан, екс-вардарецот се најде на поширокиот список на Шола.