Никола Јокиќ јадеше ќотек и заработи исклучувачка (ВИДЕО)

6404

Никола Јокиќ не го доигра мечот против Детроит, заработи исклучувачка пред крајот на првото полувреме. Српскиот центар беше огорчен што арбитрите не ги снакционираа грубите фаули врз него.

Уште пред Јокиќ, веќе во првата четвртина беше исклучен неговиот тренер Мајкл Мелоун, исто така поради две технички грешки што ги доби и затоа што енергично протестираше бидејќи судиите дозволуваат да биде тепана неговата ѕвезда.

Нагетс и без својот најдобар играч и тренер ги победија Пистонс, еден од најлошите тимови во лигата, со резултат 107:103. Јокиќ поради исклучувањето беше ограничен на само девет поени и по пет скока и асистенции.

ПретходноПораката на Милевски до играчите: Мило ми е што не се радувате на бод против Англија… (видео)
СледноКвича наскоро си заминува од Наполи, но ја направи и најголемата глупост во кариерата!