Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана се надева дека ќе биде подготвен за гостувањето на „црвените ѓаволи“ кај Евертон в недела и покрај тоа што заработи повреда на последниот меч за Камерун.
Фудбалската асоцијација на Камерун потврди дека Онана се повлече од тимот за дуелот со Либија поради повреда на карлицата. ЕСПН денеска објави дека Онана ќе биде подготвен за натпреварот на „Гудисон Парк“ бидејќи се верува дека повредата не е сериозна, за подолго време да се опоравува.
Доколку Онана не е подготвен за игра, тогаш Јунајтед ќе му даде шанса на летното засилување Алтај Бајандер. 25-годишниот голман пристигна во последниот ден од преодниот рок од Фенербахче.
Онана се врати во Англија во неделата вечерта, откако го напушти кампот во Камерун.