Поранешен освојувач на ЛШ осуден на затворска казна за сексуално злоставување на својата ќерка

2334

Поранешниот професионален фудбалер Тарик Оулида е осуден на затворска казна во траење од две и пол години поради сексуално злоставување на својата ќерка.Судот во Шпанија наведува дека играчот во 2011 година сексуално ја злоставувал својата ќерка, па прво му изрече забрана за приоѓање, а сега и затворска казна. По отслужување на казната ќе остане под надзор на шпанските власти уште четири години и два месеци, а потоа нема да му биде дозволено да ја посети Шпанија во наредните 10 години.

Претходно тој се судри со законот во Шпанија откако во Мадрид бил под сомнеж за измама.

Оулида е роден во Амстердам, играл за Ајакс со кого во 1995 година ја освоил ЛШ, а потоа преминал во Севиља. По три години во андалузиската екипа заминал во Јапонија каде што играл за Нагоја, Седан и Сапоро, а во 2004 година ја завршил кариерата во Ден Хаг.

ПретходноЌе има нов дуел Роналдо-Меси, на почетокот на новата година
СледноБод кој не се брои