ПСЖ го загуби младиот Заире-Емери до Нова година

83

Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен Жермен, младиот талент Ворен Заире-Емери ќе паузира од фудбалските терени до крајот на 2023 година, откако се здоби со повреда на зглобот на неговото деби за Франција во саботата, потврдија од клубот.

17-годишникот го напушти теренот откако го повреди глуждот по дуел со дефанзивецот на Гибралтар, додека постигнуваше гол за Франција. Заире-Емери стана најмладиот играч на Франција од 1914 година и исто така најмладиот стрелец за својата земја во последните 100 години.

ПретходноНишто од нов договор со Реал: Анчелоти веќе потпишал договор со Бразил!?
СледноЛајнер го победи канцерот и се врати на тренинзите на Борусија (М)