Квича наскоро си заминува од Наполи, но ја направи и најголемата глупост во кариерата!

9041

Селекторот на грузиската фубалска репрезентација Вили Сањол изјави дека фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија наскоро ќе го напушти клубот од Неапол, пренесуваат италијанските медиуми.

Кварацхелија (22) пристигна во Наполи во 2022 година од Динамо Батуми за 12 милиони евра и досега за тимот од Неапол одигра 58 натпревари и постигна 17 голови.

„Кварцхелија игра во врвен клуб. Сепак, светските гиганти како Барселона, Реал и Баерн сега се заинтересирани за него. Играњето за тие клубови е сон на секој фудбалер. Сите играчи се надеваат дека еден ден ќе го облечат дресот на тие клубови и ќе освојуваат важни трофеи“, изјави Сањол, кој играше за Баерн од 2000 до 2009 година.

Инаку Каварадона пред некој ден ја направи најголемата глупост во кариерата. Имено против Шпанија, во тотално небитна средба, играше и доби жолт картон кој му е вкупно трет. Тоа значи дека нема да игра во полуфиналето во баражот за пласман на ЕВРО 2024 што ја чека Грузија. Можни ривали се Грција, Луксембург и веројатно Казахстан.

 

ПретходноНикола Јокиќ јадеше ќотек и заработи исклучувачка (ВИДЕО)
СледноХаланд бил лут на Пеп поради неговите изјави за „Златна топка“