Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 14 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Гостивар -Фк.Брегалница одигран на 11.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 25 и 79 минута.
“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Марјан Дејаноски.
25 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден слободен удар за домашната екипа, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа сакајаки да ја додаде топката до соиграч во 16-сетникот на домашната екипа направи лизгачки старт, ја удри топката и потоа со истата нога направи недозволен старт на ногата (зглобот) на противнички играч, потоа топката дојде до друг играч од екипата на гостите кој постигна гол.
Исправна одлука на главниот судија, поништен голот на гостинската екипа, досуден е слободен удар за домашната екипа поради невнимателен и недозволен старт (лизгачки старт на нога-зглоб) на играч на гостинската екипа над противнички играч. Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.
79 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа, при резултат 1:0). Играч на екипата на домакините ја изби топката кон средината на теренот, двајца противнички играчи скокнаа во дуел и при скокот играчот на домакините со рака (подлактицата) го удри протитничкиот играч во глава, меѓутоа ударот не беше со голем интензитет.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домакините поради недозволен старт, односно недозволено користење на раката (удар со подлактица во предел на главата на противнички играч).Бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Воска одигран на 11.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 19 минута.
“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
19 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1) Играч на гостинската екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на домакините, играч на домашната екипа направи минимален контакт со раката (завлекување за тело) над противничкиот играч, кој по овој контакт падна сакајки да изнуди пенал. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот (повлекувањето) беше минимално и недоволно за пенал. Главниот судија беше одлично поставен , близу ситуацијата и имаше јасна прегледност, исправно покажа играта да продолжи.
На натпреварот Фк.Силекс-Фк.Шкупи одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 84 минута.
“Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Гоце Петрески и Мартин Петковски.
84 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 2:1).Играч на гостинската екипа во својата половина сакаше да ја загради топката, при градењето намерно замавна со рака (лакт) и со голем интензитет го удри противничкиот играч во глава (лице-јаболчницата) и направи прекршок.Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа поради намерен удар со лакт во главата (лицето) на противнички играч. Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одличнаодлука.
На натпреварот Фк.Шкендија– Фк.Тиквеш одигран на 11.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 5 и 41 минута.
“Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.
5 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција и спречување очигледна шанса за гол на гостинската екипа, при резултат 0:0) Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч малку странично од голот и на околу 35 метри од голот, во моментот на додавање на топката соиграчот беше пред претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа (во дозволена позиција) и излегуваше сам пред голот на домакините (во очигледна шанса за гол), првиот помошен судија сигнализираше офсајд позиција. Погрешна одлука на првиот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, бидејки играчот на гостинската екипа во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (пред претпоследниот играч од одбраната на домакините).
41 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0) Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот го помина голманот на гостинската екипа и во моментот кога сакаше да упати удар кон празниот гол, голманот направи недозволен старт на ногата на противникот, по што играчот на домашните изгуби контрола и падна. Погрешна одлука на главниот судија што досуди симулација за пенал и жолт картон за домашниот играч, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за домашната екипа и жолт картон за голманот (поради спречување очигледна шанса за гол и недозволен старт на нога на противнички играч)
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 12 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе
следните заклучоци:
На натпреварот Фк. Победа – Фк.Скопје одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 9 минута.
“Главен судија: Доне Ристовски. Помошни судии: Стојан Костадинов и Кирил Манчев.
9 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен ЦРВЕН картон за гостинскииграч, при резултат 0:0) Топката беше на средина на теренот за игра и не беше во ничив посед, на неа тргнаа два противнички играчи, играчот на домашната екипа прв стигна до топката и со глава ја удри, за во истиот момент противничкиот играч со нога висококо подигната и со јак интензитет невнимателно стартуваше и го удри играчот на домакините во пределот на стомакот. Исправна одлука на главниот судија, досудел слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостинската екипа поради недозволен старт (удар со нога со јакинтензитет во пределот на стомакот)
На натпреварот Фк.Беласица-Фк.Караорман одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 31 минута.
“Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски. Помошни судии: Владимир Митревски и Дарко Василевски.
31 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За несигнализирана офсајд позиција, постигнат регуларен гол пенал за домашната екипа ,при резултат 0:0) Играч на домашната екипа центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол. Во моментот на додавање на топката од соиграчот, играчот што постигна гол се наоѓаше во линија (дозволена позиција) со претпоследниот играч од одбраната на гостинската екипа. Исправна одлука на вториот помошен судија што не сигнализираше офсајд позиција на играчот од домашната екипа, голот е регуларен, односно играчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостинската екипа).
На натпреварот Фк. Новаци – Фк.Кожуф одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 69 минута.
“Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Филип Николов и Горан Милошевски.
69 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт картон- ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 1:0) Играч на гостинската екипа странично од својот гол ја изгуби топката од посед и падна, пред противничкиот играч да ја земе и да тргне во ветувачка акција, играчот на гостите на недозволен и неспортски начин ја фати топката со рака спречувајки ја акцијата. Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа доделен жолт картон на играчот на гостинската екипа, поради неддозволено и неспортко играње со рака и спречување ветувачка акција.Бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на гостинската екипа, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон. досудувањето на пеналот е со заддршка и закаснето, со несигурност во движењето на телото на судијата, иако пеналот е очигледен.
На натпреварот Фк. Осогово – Фк. Вардар Неготино одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 27 минута.
“Главен судија: Влатко Илиоски. Помошни судии: Иле Мишески и Марјан Смилкоски.
74 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинска екипа, при резултат 0:0)
Од слободен удар центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, двајца играчи од обете екипи скокнаа и во скокот играчот на домашната екипа ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба и високо подигната од телото.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради игра со рака на домашен играч,каде раката е во неприродна положба и високо подигната од телото. Главниот судија одлично поставен и со јасна прегледност на ситуацијата.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.