У21: Младите денеска на тест со Австрија

217

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година попладнево (18 ч.) во Рид, Австрија, ќе го одигра последниот меч за оваа календарска година. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски и гостуваат на Австрија во пријателски меч како завршница на активностите за овој период од квалификациите за ЕП 2025, кои Македонија во оваа 2023 година ги заврши со една победа и три порази.

Канатларовски денеска ќе има можност да тестира и дел од оние кои немаат статус на првотимци, па преку 90-те минути на дуелот со Австрија ќе треба да се докажуваат пред продолжението на мартовските квалификации следната година.

Досега во оваа возрасна категорија имаме двапати играно против селекциите на Австрија и двапати бевме поразени (2:0 и 4:0).

ПретходноМакедонија ќе се тестира со Црна Гора пред ЕП 2024, Шола го врати Борозан
СледноАнгеловски пред Пик Сегед: Ме загрижува тоа што лесно се предаваме