Чешки предизвик за ЖРК Ѓорче Петров во 1/8 финалето на Европскиот Куп

92

Екипата на Ѓорче Петров го доби противникот за влез во најдобрите осум екипи во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот првак ќе игра против Хазена Кунжварт од Чешка.

Оваа екипа е доста тешка, ракометарките на Ѓорче Петров ќе играат против состав кој доаѓа од град кој има долга традиција кога станува збор за женскиот ракомет.

Првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот Куп ќе се игра на 13/14 јануари 2024 во Скопје, додека реваншот е една недела подоцна во Чешка.

Претходно„Знаеме што значи враќањето на Кузмановски за клубот и за градот“
СледноКарагер „плачеше“ за пеналот, па доби одговор од Миовски: Бла, бла, бла…