Jа однесе Чешка на ЕП и поднесе оставка: Не можам повеќе да го трпам овој притисок…

1375

 

Јарослав Шилави, по пет години го напушти селекторското место на чешката фудбалска репрезентациа и како што вели донел правилна одлука. Чешка во решавачкиот дуел ја совлада Молдавија и извади билет за Германија, но остана без селекторот. Причина се критиките од јавноста претходно.

Одлуката ја донесов уште пред натпреварот и нема да продолжам како селектор. Притисокот беше огромен, понекогаш и неразумен од моја гледна точка. Тоа исто така пресуди. Ќе се појавам во Германија како гледач и ќе навивам за момците“, изјави Шилави.

ФС на Чешка веќе тргна во потрага по негов наследник, а најголеми шанси за местото имаат актуелниот тренер на Словачко, Мартин Сведик или координаторот на младите категории на Спарта Прага, а поранешен тренер во овој клуб Витешлав Лавичка.

Под водство на Шилави, Чесите два пати изборија место на ЕП. Прво во 2020 година кога стигнаа до осминафинале, но не успеа да отиде на СП во Катар. Пред мечот со Молдавија беа суспендирани тројца стандардни играчи бидејќи се забавувале во ноќен клуб место да бидат во клупскиот хотел.

ПретходноОнана во „цајтнот“: Тен Хаг се „моли“ да се опорави до недела
СледноСудиска анализа: Оштетени и Шкендија и Тиквеш