Езѓан Алиоски е фудбалеро кој се најде во центарот на вниманието, особено во англиските медиуми. Македонскиот репрезентативец доби највисоки оценки, поради добрата одбрана против ѕвездата Букајо Сака, кого го стави во џеб.
Ова беше последен меч за македонската фудбалска репрезентација за оваа година, последен од квалификациите, а токму истиот треба да биде пример за во иднина.
„Тимски добро одигравме и тактички добро стоевме, а тоа ни требаше. Тешко беше да создаваме шанси и да имаме посед, меѓутоа во дефанзива бевме добри и така треба да играме против поголемите екипи. Против големите екипи имаме фокус и сме добри, но треба исто и против Украина, Грузија… Со ваква концентрација и дисциплина како против Англија, може да направиме нешто и за иднината“, изјави Алиоски.