Арда Туран: Банкарка ме измами и останав без 13 милиони евра

4157

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран откри во медиумите дека останал без пари откако бил измамен од банкарка. Тој раскажа за измамничка шема која ја водела извесна Сеџил Ерзан.

Ме измами. Не намами со зборовите кој и да вложи пари во фондот кој таа го води добро ќе заработи. И дадов нешто повеќе од 13 милиони долари“, изјави Туран.

Се што стекнав во текот на кариерата исчезна. Тоа тотално ме исцрпи“, додаде турскиот фудбалер.

Истрагата на турската полиција открила дека Туран не е единствениот фудбалер кој останал без милиони. „Насамарен“ бил и Фернандо Муслера, потоа Емре Белозоглу, Емре Чолак како и славниот Фатих Терим. Вкупно биле 29 жртви на оваа измама.

Против споменатата Ерзан и четворица мажи се води постапка.

ПретходноСлавниот Сол Кембел 35 пати се пријавил за тренерска работа, но никој не го ангажирал
СледноАлкалоид поразен и на гости кај Силкеборг (ФОТО)