„Знаеме што значи враќањето на Кузмановски за клубот и за градот“

118

Пелистер се подготвува за реваншот со Пик Сегед во рамките на осмото коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак ги пушти во продажба билетите за оваа средба на која во составот ќе има едно освежување – Филип Кузмановски.

Македонскиот репрезентативец се врати во Битола откако спогодбено ја раскина соработката со Вецлар.

„Преговаравме со Вецлар и порано да го доведеме Кузмановски, но сега беше вистинскиот момент. Му благадарам на Филип што ја одбра нашата од многубројните понуди. Знаеме што значи за нас како клуб и за нашиот град неговото враќање. Со него имаме уште појака македонска структура во тимот и сигурно ќе ни биде од голема корист“, вели тренерот на Пелистер, Бранислав Ангеловски.

Пелистер има седум порази во Лигата на шампионите, одигра едно добро прво полувреме на гости кај Пик Сегед, по што целосно се распадна. Сега пред своите навивачи ќе има шанса да одигра многу подобар и меч, па и да дојде до првите бодови во силното европско клупско натпреварување.

ПретходноАлкалоид во нова тешка европска мисија против сега познат противник
СледноЧешки предизвик за ЖРК Ѓорче Петров во 1/8 финалето на Европскиот Куп