Хрватската фудбалска репрезентација ќе ја гледаме на Европското првенство во Германија идната година. Како што се очекуваше Хрватска ја совлада Ерменија и тоа беше доволно за пласман на еврошампионатот, седми пат во историјата, а тој резултат го исфри Велс од игра.
Голот за победа го постигна Анте Будимир во 43 минута од мечот на нафрлување на Борна Соса.
DON ANTE BUDIMIR 🦢
— Reyno Deportivo (@reyno_deportivo) November 21, 2023
„Коцкастите“ како второпласирани одат на ЕП, а првото место во групата го освои Турција која вечерва одигра 1:1 на гостувањето кај Велс. Велшаните поведоа со гол на Нико Вилијамс уште во 7 минута, а изедначи Јазизи од пенал во 69. минута.
На „ОПАП Арена“ во Атина, Грција не и дозволи на Франција да заврши со 100% на успешност. До пред ова коло Французите имаа седум од седум, а поведоа со гол на Коло Муани во првото полувреме, а од 56. до 61. минута Грците го свртеа резултатот со голови на Бакасетас и на Јоанидис. Во 74 минута Фофана се погрижи за 2:2. Во финишот Французите постигнаа гол, но беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд.
Од оваа група на ЕП одат Франција и Холандија. Холанѓаните вечерва со 6:0 славеа над Гибралтар.
РЕЗУЛТАТИ
АНДОРА – ИЗРАЕЛ 0:3
ГИБРАЛТАР – ХОЛАНДИЈА 0:6
ГРЦИЈА – ФРАНЦИЈА 2:2
ХРВАТСКА – ЕРМЕНИЈА 1:0
КОСОВО – БЕЛОРУСИЈА 0:1
РОМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 1:0
ВЕЛС – ТУРЦИЈА 1:1