Лепидовски и Таково се хит во Србија, врзаа две победи во низа

93

Младиот македонски одбојкарски репрезентативец Филип Лепидовски и неговиот тим Таово Горњи Милановац засега се најпријатното изненадување во српскиот одбојкарски шампионат. По седум кола, Таково, кој е повратник во елитата, веќе нанижа четири победи и се позиционираше меѓу шесте најдобри екипи во српското елитно натпреварување.

Лепидовски и неговите соиграчи имаа одличен настап во последните две кола кога успеаја да слават во дуелот со фаворитот Војводина (во чии редови игра нашиот Филип Савовски) и против екипата на Јединство во последното коло пред своите навивачи. Со тоа Таково потврди дека ќе биде еден од конкурентите за влез меѓу екипите кои одат во втората фаза на првенството на Србија.

Лепидовски на дуелот со Војводина имаше 5 освоени поени, додека во последното коло имаше извонредна игра на блокот, па против Јединство од 4 освоени поени, три беа по одлично поставен блок.

ПретходноФ1: Пирели ќе понуди исти гуми и во 2024 година
СледноОнана во „цајтнот“: Тен Хаг се „моли“ да се опорави до недела