Реал Мадрид е во потрага за тренер кој ќе го наследи Карло Анчелоти на крајот на сезоната. Искусниот стратег својата кариера ќе ја продолжи како селектор на репрезентацијата на Бразил.
Претседателот на мадридскиот гигант, Флорентино Перез веќе донел одлука околу наследникот на Анчелоти. Станува збор за Роберто де Зерби. Двете страни веќе ги оствариле првите контакти, во тек се преговорите, откриваат шпанските медиуми.
Италијанецот минатата сезона го превзема Брајтон, го однесе на шестото место на табелата во Премиер-лигата и се избори за прв настап на тимот на европска сезона. Она што посебно воодушевува е неговиот офанзивен начин на игра кој го спроведе во тимот.
Поради неговата стручност и начинот на кој го води тимот, Пеп Гвардиола веќе го нарече негов наследник во Манчестер Сити, но се чини дека го сонуваат и во Реал. Перез во него гледа тренер кој ќе го преземе тимот по тековното подмладување, а потоа ќе го води до титули.