Славниот Сол Кембел 35 пати се пријавил за тренерска работа, но никој не го ангажирал

858

Феноменалниот поранешен стопер на Арсенал, Сол Кембел и понатаму е без тренерски ангажман иако многу се потрудил да го најде. За „Атлетик“ легендата на англискиот фудбал откри дека од 2020 година кога го напуштил Саутенд јунајтед аплицирал за 35 тренерски места но и понатаму е без работа.

„Веќе не праќам пријави. Сега полека помислувам како да допринесам на фудбалот. Постојат други начини за некој како мене да се вклучи во фудбалот“, истакна Кембел.

Тој додаде дека само два клуба му одговориле на апликациите но и тие не го ангажирале.

Кембел со Арсенал два пати беше шампион на Англија, а во 2006 година играше и во финалето на ЛШ.

ПретходноЕкс-играч на Севиља: Да играм за Сити ќе дадам повеќе голови од Халанд
СледноАрда Туран: Банкарка ме измами и останав без 13 милиони евра