Халанд бил лут на Пеп поради неговите изјави за „Златна топка“

298

Едуарда Инда, познат шпански новинар и уредник на ОКДиарио, тврди дека Ерлинг Халанд би можел да го напушти Манчестер Сити. Норвежанецот наводно е лут на тренерот Пеп Гвардиола.

“Добив информации од луѓе блиски до Халанд, дека постои одредено несогласување помеѓу него и Гвардиола. Пеп го пофали Лионел Меси пред наградата “Златната топка” и рече дека најлошата сезона на Меси се поклопила со најдобрата на Халанд. Таа фраза не му се допадна на Норвежанецот“, вели Инда и додавајќи: Од овој момент Халанд почна да се дистанцира од тренерот. Очекуваше Гвардиола да каже дека неговиот играч требало да ја добие Златната топка, а не Меси“.

Да потсетиме, Меси неодамна ја освои својата осма Златна топка, а Халанд заврши на второто место во поредокот и покрај тоа што го предводеше Сити до титулите во Англија и Лигата на шампионите. Халанд често се поврзува со трансфер во Реал. Наводно во договорот со Сити има клаузула според која тој може да го напушти клубот за одредена сума. Од доаѓањето во Сити одигра 71 натпревар и постигна 69 голови.

“Клаузулите во договорот на Ерлинг? Само Манчестер Сити, Ерлинг, неговиот татко и јас ги знаеме деталите. Другите клубови не знаат ништо за тоа. Никој освен нас не знае што пишува во договорот”, изјави неодамна неговата менаџерка Рафаела Пимиента.

ПретходноКвича наскоро си заминува од Наполи, но ја направи и најголемата глупост во кариерата!
СледноМирор: Фала му на бога што не мора да играме против цела Македонија