Ќе има нов дуел Роналдо-Меси, на почетокот на новата година

178

Во изминатите 15 години фудбалот го одбележа ривалството меѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси. Двајцата често играа меѓу себе во Шпанија, но потоа Роналдо отиде во Јувентус па во Саудиска Арабија, а Меси во ПСЖ па во Интер Мајами.

Светот остана без нивни дуел но не за долго. Ал Наср и Интер Мајами закажаа меѓусебен пријателски дуел во Ријад во февруари. Тоа може да биде „Последен танц“ на легендарните фудбалери еден против друг со оглед на годините.

На овој турнир ќе учествува и Ал Хилал што значи дека Меси може да игра против својот поранешен соиграч од Барселона и од ПСЖ, Нејмар.

ПретходноСудиска анализа: Оштетени и Шкендија и Тиквеш
СледноПоранешен освојувач на ЛШ осуден на затворска казна за сексуално злоставување на својата ќерка