Познати првите полуфинални дуели од баражите за пласман на ЕП 2024

1629

УЕФА ги потврди и 12-те селекции кои во мартовскиот плеј-оф ќе се борат за преостанатите три слободни места за Европското првенство. Во плеј-офот ќе играат 12 репрезентации, кои правото го заслужија со пласманот во Лигата на нации 2022/23. Тоа се Босна и Херцеговина, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Исланд, Израел, Казахстан, Луксембург, Полска, Украина и Велс.

Познати се двете полуфинални плеј-оф двојки од Лигата на нации во сегментот Ц: Грузија – Луксембург и Грција – Казахстан, а една од тие четири селекции ќе оди на ЕП 2024.

Во Лигата на нациите „А“ позната е полуфиналната двојка Полска – Естонија, како и дека Велс ќе биде домаќин во полуфиналето. Во Лигата на нациите „Б“, познато е дека домаќини на полуфиналето ќе бидат Израел и Босна и Херцеговина. По ждрепката, Финска, Украина и Исланд ќе дознаат кој ќе игра во плеј-офот од Лигата на нации „А“ против Велс, а кој ќе игра во плеј-офот од Лигата „Б“ против Израел, односно Босна и Херцеговина.

Плеј-оф натпреварите ќе се играат во периодот од 21 до 26 март следната година.

ПретходноНемили сцени на „Маракана“: Бразилската полиција претепа навивачи на Аргентина (ВИДЕО)
СледноКостиќ и Николов со минимални порази во 1/16-финалето на Челинџ Купот