После три месеци, конечно добра вест за Ерик тен Хаг

377

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се опорави од повредата и конечно повторно му е на располагање на Ерик тен Хаг.

Клубот потврди дека Лук Шо се вратил во тимот и дека најверојатно ќе може да игра веќе овој викенд кога тимот ќе гостува кај Евертон.

Шо е надвор од терените од крајот на август, а неговото отсуство се чувствуваше во играта на Манчестер Јунајтед, па ова е многу важна вест.

Сега надвор од теренот се Мартинез, Маласија, Еванас, Касемиро, а се очекува да се врати Расмус Хојлунд.

Манчестер Јунајтед во недела гостува кај Евертон.

ПретходноКисум: Со нашите фанови имаме шанси да го победиме Пик Сегед
СледноТренерот на Трпчевски во Хакен ќе биде новиот селектор на Шведска?