Тренерот на Трпчевски во Хакен ќе биде новиот селектор на Шведска?

153

По неуспешните квалификации за ЕП 2024, Јане Андерсон замина од селекторското место во Шведска. Во тамошната федерација веднаш се зафатија со работа и обезбедување на негов наследник.

Во шведската јавност се споменуваше името на Греам Потер, но тој наводно ја одбил поканата на Шведската федерација. Од денеска нов фаворит за местото е Норвежанецот Пер-Матијас Хогмо, кој моментно е на клупата на шведскиот прволигаш Хакен, во чии редови настапува и македонскиот интернационалец Филип Трпчевски, поранешен репрезентативец во нашите млади селекции.

„Засега не сакам да коментирам ништо. Има интерес и сме разговарале и со Пер-Матијас, но не што да додадам“, вели спортскиот директор на Шведската федерација, Мартин Ериксон .

Хогмо има договор со БК Хекен до 2024 година.

ПретходноПосле три месеци, конечно добра вест за Ерик тен Хаг
СледноДе Бјази повеќе не е селектор на Азербејџан