Бобан Илиоски обезбеди полуфинале на СП во Португалија

102

Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски, обезбеди полуфинале на Светското ВАКО првенство во Португалија, откако славеше над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 во мечот од четвртфиналето во категоријата до 86 килограми (лоу-кик).

Оваа победа на Илиоски му носи најмалку бронзен медал. Во полуфиналето сега го очекува дуел со Елјан Алкишијев од Азербејџан.

Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше поразена на стартот од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.

ПретходноФит Фан Волеј го предизвикува лидерот Струмица
СледноПо пеналот во Скопје: Мегваер бара од Премиерлигата да се бори против т.н. „меки пенали“!